Print

AUTOMATA

AUTOMATA е колекција на механички движечки играчки/објекти за деца (од 6-12 годишна возраст) кои претставуваат креативен начин за воведување во основите на инженерството, уметноста, скулптурата, механика и наука во образованието на децата преку комбинирање на игра, забавата и технологијата. Тие претставуваат скулптури кои раскажуваат приказни. Движењето на физичките направи (запчаници, осовини, тркала, лостови, жици) кога се вградени во анимирани скулптури се извор на чуда за децата како и за возрасните.

Print

KRISIS

Во рамките на меѓународниот проект „Кризи“, кој се оддржи во градот Нотингам, Велика Британија од 25 до 29 октомври 2016 година, свое претставување имаше и македонската уметница Марија Милошевска - претставник од здружението Доминиум културно јадро од Скопје.

Проектот е во организација на независната асоцијација за култура од Велика Британија  „Something Human“ во соработка со Bonington Gallery, Nottingham Trent University и Nottingham Contemporary.

Print

MAKE GAME

“MAKE GAME”- концептуална детска играчка

“MAKE GAME” претставува концепт на дизајн на производ/прототип-играчка чија цел е да  влијае на развојот, стрпливоста, снаодливоста кај најмладите и воедно запознавање со значајните културните, историски и археолошките артефакти од околината на Скопје. 

Патот во играта претставува лавиринт со препреки а движењето е предводено од малото оловно топче со кое треба да се пронајде патот до целта, односно да се стигне до археолошкото наоѓалиште обележано со црвена ознака.

На позадината од играчката се наоѓа објаснување за целта - арехеолошкото наоѓалиште.

 

Print

"Долу на фармата" од Данкан Хигинс, В. Британија

Данкан Хигинс е визуелен уметник позициониран во Шефилд, Обединето Кралство. Тој е професор по Убави Уметности на Универзитетот Берген во Норвешка и професор по визуелна уметност на Тренд Универзитетот во Нотингам, Англија. Истражува и креира во рамките на визуелните уметности, перформансот, видеото и филмот.

Неговиот богат животно-творечки опус содржи различни многубројни презентации низ најпознатите галериски простори како Kunstgarasjen- Bergen, Норвешка, Институтот за дизајн во Хонгконг, Архитектонскиот Истражувачки Центар при Универзитетот во Никозија, Уметничката Школа Во Глазгов, Bonington Gallery во Нотингам, како и многу други изложби меѓу кои и онаа во Националните галерии во Варшава, Прага, Јоханесбург итн. Данкан исто така ги претстави своите уметнички дела во Јужна Африка и прелиминарнава идејна изложба наречена “Долу на Фармата”  претставена во Соловки Архипелагот - Русија.

Down on the farm” (Долу на фармата) e неговиот неодамнешен проект и е интер-релациски сет на активности кој содржи преку 1227 слики, бројни цртежи, текстови, принтови, звук и видео. Овие елементи понатаму се пропратени со низа од перформанси, разговори, работилници, предавања и публикации.

Print

MWO #8 "Јас сум ...Скопје", 2015

MOVE WITH(OUT) # 8 Јас сум...Скопје,

10 Септември 2015

По Берлин, Лондон, Рим, Венеција, Белград, Сингапур и Будимпешта, на 10 септември  (четврток), номадскиот проект Something Human MOVE WITH (OUT) го посетува Скопје, со настан создаден во соработка со здружението за уметност Доминиум, со поддршка на Градот Скопје и Европската културна фондација STEP Beyond.

МОVE WITH (OUT) е патувачки проект кој ги истражува идеите за тоа што е „дом“. Земајќи го предвид се понестабилниот глобален економски пејсаж, изложбата и уметничката интервенција во живо, која е прилагодена на локацијата, ги истражува амбивалентните односи помеѓу внатрешноста и надворешноста кога станува збор за прашањата на идентитетот, границата и миграциите, припаѓањето и копнежот, и тензиите од навигација помеѓу различните сфери.

Our Sponsors and Associates

Our Sonsors