Print

MAKE GAME

“MAKE GAME”- концептуална детска играчка

“MAKE GAME” претставува концепт на дизајн на производ/прототип-играчка чија цел е да  влијае на развојот, стрпливоста, снаодливоста кај најмладите и воедно запознавање со значајните културните, историски и археолошките артефакти од околината на Скопје. 

Патот во играта претставува лавиринт со препреки а движењето е предводено од малото оловно топче со кое треба да се пронајде патот до целта, односно да се стигне до археолошкото наоѓалиште обележано со црвена ознака.

На позадината од играчката се наоѓа објаснување за целта - арехеолошкото наоѓалиште.

 

 

Првата серија на “MAKE GAME” претставува  колекција на седум дизајнирани прототипови / играчки со различна содржина:

1. Лавиринт бр.1 – Конаците на Авзи Паша, Бардовци

2. Лавиринт бр.2- Тврдината Кале

3. Лавиринт - Мапа на картата на Скопје, Скупи

4.  Лупа лавиринт - Аквадукт

5. Спирала лавиринт- Тумба Маџари

6. Мапа со улиците на Скопје - од плоштад Македонија до Скопската тврдина – Кале

7. QR код лавиринт

За деца над 3 години

Производ од областа на креативните индустрии 2015, Скопје, Р. Македонија

Сите права се заштитени

Галерија фотографии

 

Наслов на проектот: "MAKE GAME"

Период на имплементација: April - Јули 2015, 

Поддржан од: Ј.У. Конгресен центар Александар Македонски, Скопје

Координатор: Марија Милошевска

Археолошки локалитети како дел од "MAKE GAME"

Скупи е археолошки локалитет кој се наоѓа на пет километри северозападно од Скопје, над устието на реката Лепенец во Вардар, а помеѓу денешните населби Злокуќани и Бардовци. Тој претставувал првиот вистински град и центар во Скопската котлина.

Името (грчки: Σκοῦποι, Skoupoi)  најверојатно доаѓа од грчкиот збор ἐπίσκοπος, односно episcopus (лит. "гледач, набљудувач"), поврзано со  својата позиција на високо место од каде што можело да се набљудува целата околина.

Градот Скупи според археолозите  и историчарите, во најстаро време бил заземен од Трибалите, а од крајот на IV век пред н.е. нив го покоруваат Дарданците кои останале се до доаѓањето на Римјаните.

Во тој период (со доаѓањето на Римјаните 148г. пред н.е.)  градот Скупи доживува  најголем расцут не само како стопански, стратешки и културен центар, туку и како верско седиште кое прераснува во голем верски центар со сопствена епископија.

Археолошките наоди зборуваат дека Скупи повторно заживува за време на Јустинијан I, кога масовно почнале да се населуваат Словените во овие краишта.

Од градбите во градот, денес може да се видат само голи темели на театарот. Откриена е и сакралната градба Базилика II од крајот на IV век, потоа има остатоци од Христијанска базилика, градска вила(палата), градска бања, улица(Кардо), источна и западна некропола.

Во 518г. градот бил погоден од катастрофален земјотрес. По неговото разурнување центарот се преместува на ридот на денешното Кале.

Чифлиг на Авзи паша

Чифлигот на Авзи паша со конаците во селото Бардовци бил подигнат во првата половина на 19 век најверојатно од 1830 до 1845 година, бидејќи Хавзи паша станал скопски паша околу 1820 година, 1845 година го напуштил Скопје, а набргу потоа умрел.

 Современиците го опишуваат Авзи-паша како извонредно интелигентен и мудар човек. Освен со конаците, со него се поврзува и основањето на Ново Село и на Бардовци, чии жители работеле на неговите имоти и во конаците. Во 1389 година, германскиот научник Гризебах ги посетил Бардовци и Авзипашините конаци. Тој вели дека Авзи-паша зачувал во конаците голем број римски споменици, со кои била богата околината. Тоа било вистински музеј. Освен тоа, пашата во дискусиите знаел да ги цитира Платон и Аристотел. 

Конаците во Бардовци претставуваат еден од највидните споменици на станбената архитектура на Балканскиот полуостров од времето на феудалното уредување. 

Населбата во Бардовци се состоела од два дела: селска населба и конаци, за разлика од ругите чифлици што се од затворена форма и концентрирани кон станот на господарот. 
Чифликот во Бардовци се одликува со отворен систем на изградба и урбанистичка диспозиција во поставувањето на целината на чифликот. Хавзи паша спровел плански распоред на куќите во населбата. Одделувајќи ги конаците од населбите, тој овозможил подобри услови на индивидуалниот живот.

Конаците претставувале населба наполно организирана за животот на господарот со целата негова фамилија, прислужници, чувари и придружба.

Целиот комплекс бил наполно ограден со камени ѕидови високи пет метри. По должината на ѕидовите, од надворешната страна биле распоредени осум кули кои служеле за одбрана во случај на евентуални напади. Таму стоеле стражари.

Распоредот на зградата бил типичен за муслиманскиот стан: во средниот дел се наоѓал селамлук - зграда за мажи, а во источниот дел бил харемлук - зграда во која живеат женските членови на семејството и нивните деца. Во западниот дел се наоѓале просториите за коњи - коњушницата. Во секој од овие дворови се наоѓале и помошни згради.

Our domestic and foreign partners and supporters

Our Sponsors