Print

KRISIS

Во рамките на меѓународниот проект „Кризи“, кој се оддржи во градот Нотингам, Велика Британија од 25 до 29 октомври 2016 година, свое претставување имаше и македонската уметница Марија Милошевска - претставник од здружението Доминиум културно јадро од Скопје.

Проектот е во организација на независната асоцијација за култура од Велика Британија  „Something Human“ во соработка со Bonington Gallery, Nottingham Trent University и Nottingham Contemporary.

Проектот „Кризи“ (Krísis) се состои од серија настани, изложби, преформанси, видео проекции на меѓународни визуелни и перформанс уметници, кои со свое видување се вклучуваат во повеќеслојните перспективи за значењето на поимот "криза", и неговото разбирање во рамките на сегашната социо-политичка клима. Преку мултидисциплинарни уметнички дела, настапи во живо и разговори, проектот се фокусира на кризата како креативна и кураторска можност. Krísis истражува како овие критични состојби може да се искористат и реконфигурираат за да се поттикнат промени преку уметничката пракса. Во прoектот учествуваат уметници од повеќе земји од светот како Германија, Велика Британија, Сингапур, Италија, Унгарија, Португалија, Ирак, Виетнам, Шпанија, Либан и други.

Марија Милошевска како претставник од здружението Доминиум културно јадро, настапи со перформанс со филигранска техника насловен како Парчиња криза /Piece of krisis/ и нејзините дела беа изложени во Bonington Gallery, Nottingham Trent University. Изложбата траеше до 9 декември 2016 год..

Повеќе информации за настанот може да се добијат на следниот веб сајт https://krisis.live/.

Галерија фотографии

Наслов на проектот: "Krisis" перформанс и изложба на современ филигран

Период на имплементација: Мај - Ноември 2016, Нотингем, В. Британија

Поддржан од: Град Скопје

Координатор: Марија Милошевска

Партнери: Something human, Нотингем Трент Универзитет