Print

AUTOMATA

AUTOMATA е колекција на механички движечки играчки/објекти за деца (од 6-12 годишна возраст) кои претставуваат креативен начин за воведување во основите на инженерството, уметноста, скулптурата, механика и наука во образованието на децата преку комбинирање на игра, забавата и технологијата. Тие претставуваат скулптури кои раскажуваат приказни. Движењето на физичките направи (запчаници, осовини, тркала, лостови, жици) кога се вградени во анимирани скулптури се извор на чуда за децата како и за возрасните.

Тие се составени од два дела: база-во која се сместени механичките делови, кои го произведуваат движењето и сцена-каде карактерот или карактерите ја откриваат приказната.

Сите делови и детали од играчката се изработуваат рачно од природно дрво.

Механичките играчки ги фасцинираат децата бидејќи ги комбинираат елементите на креативната игра со магијатата на движењето.

Цели на работилницата:

-          Вовед во основен концепт на инженерство и механика (осовини, лостови тркала, запчаници) и начин на нивно поврзување

-          Подобрување на вештините потребни за решавање на проблеми

-          Презентација на 3-4 прототипи – механички дрвени играчки

Наслов на проектот: AUTOMATA - механички движечки играчки

Период на имплементација: Март -Мај,2018, Галерија МКЦ, Скопје

Поддржан од: Конгресен центар ,,Александар Македонски" / Скопје Креатива

Координатор: Марија Милошевска

Соработници:Катерина Ѓероска, Емилија Лазаревска, Елена Трајкоска Бојаџиска, Ана Атанасовска, Ана Попризова.

 

Галерија фотографии

https://www.instagram.com/p/BisY81Bn7Zl/?utm_source=ig_share_sheet&igshid=88y90vyf47t1