Print

"МАкедонскаМушичКА" – MAMKA I

 

Идејата за #МАкедонскаМушичКА е инспирирана од изработката на мушичката за риболов, дел од риболовна опрема која за прв пат во историските записи се споменува во пишувањата на  Claudius Aelianus[1] во вториот век од наша ера. Во неговите записи се споменува дека Македонците користеле мушичка за риболов на реката Астраеус.

 

Проектот за прв пат во Македонија го презентира занаетот на изработка на мушичка за риболов (во рамки на креативните индустрии), а воедно и развојот на традиционални занаети и вештини, пренесување на знаењата и вештините на идните генерации, ревитализација на одредени аспекти на духовното културно наследство, презентација и популаризација и искористување на културното наследство како ресурс за развој на туризмот, преточено во современа техника и дизајн што вшусност претставува една од основните цели на креативните индустрии.

Во рамките на овој производ мушичката се користи како нов брендиран сувенир кој се фокусира на историското и културното богатство на Република Македонија и за маркетиншки цели го користи фактот за првото пишано сведоштво за постоење на рибарска мушичка кое потекнува од овие простори.

Галерија фотографии

Наслов на проектот: "МАкедонскаМушичКА"- Приказната за Macedonian fly

Период на имплементација: 16.03.2017 – 07.05.2017, Галерија МКЦ, Скопје

Поддржан од: Конгресен центар ,,Александар Македонски" / Скопје Креатива

Координатор: Марија Милошевска