Print

МАкедонскаМушичКА" –MAMKA II

 

Идејата за #МАкедонскаМушичКА е инспирирана од изработката на мушичката за риболов, дел од риболовна опрема која за прв пат во историските записи се споменува во пишувањата на  Claudius Aelianus[1] во вториот век од наша ера. Во неговите записи се споменува дека Македонците користеле мушичка за риболов на реката Астраеус.

 

Изработката на мушички се третира како занает, секоја изработка на вакава мушичка е уникатна, а овие мушички се набавуваат и користат од риболовците низ целата територија на Република Македонија. Секоја мушичка се изработува по модел на живи автохтони мушички (кои живеат во екумента во која се рибари) и се користи за рибарење во периоди од годината кога вистинската жива мушичка е активна.

Основната цел на овој проект е да го мобилизира овој до сега неистражен аспект од македонското културно наследство и за прв пат во Македонија го презентира занаетот на изработка на мушичка за риболов (во рамки на креативните индустрии), а воедно и развојот на традиционални занаети и вештини, пренесување на знаењата и вештините на идните генерации, ревитализација на одредени аспекти на духовното културно наследство, презентација и популаризација и искористување на културното наследство како ресурс за развој на туризмот, преточено во современа техника и дизајн што всушсност претставува една од основните цели на креативните индустрии.

 

Наслов на проектот: "МАкедонскаМушичКА"-МАМКА II

Период на имплементација: 16.03.2018 – 16.05.2018, Галерија МКЦ, Скопје

Поддржан од: Конгресен центар ,,Александар Македонски" / Скопје Креатива

Координатор: Марија Милошевска

[1] https://en.wikipedia.org/wiki/Claudius_Aelianus

Our Sponsors and Associates

Our Sonsors