MWO #8 "Јас сум ...Скопје", 2015

MOVE WITH(OUT) # 8 Јас сум...Скопје,
10 Септември 2015
По Берлин, Лондон, Рим, Венеција, Белград, Сингапур и Будимпешта, на 10 септември (четврток), номадскиот проект Something Human MOVE WITH (OUT) го посетува Скопје, со настан создаден во соработка со здружението за уметност Доминиум, со поддршка на Градот Скопје и Европската културна фондација STEP Beyond.
МОVE WITH (OUT) е патувачки проект кој ги истражува идеите за тоа што е „дом“. Земајќи го предвид се понестабилниот глобален економски пејсаж, изложбата и уметничката интервенција во живо, која е прилагодена на локацијата, ги истражува амбивалентните односи помеѓу внатрешноста и надворешноста кога станува збор за прашањата на идентитетот, границата и миграциите, припаѓањето и копнежот, и тензиите од навигација помеѓу различните сфери.