“Еко занаети – Авантурите на рециклирано стакло”

Во периодот на месец октомври и ноември се спроведоа низа активности со цел реализација на проектот “Еко занаети – Авантурите на рециклирано стакло”. Овој проект опфати активности кои се однесуваа на истражување и мапирање на рециклирано стакло, план и работа за работилници со средношколци, подготовка и печатење на промотивен материјал, изработка на презентација за проектот набавка на техничка опрема и подготовка на изложба.
Доминиум културно јадро успеа да стапи во контакт со средното текстилно училиште СУГС Кочо Рацин од Скопје каде главни соучесници во проектот беа учениците од ова училиште. Овој проект претставуваше исклучителна можност за учениците да се вклучат во практично истражување, на методите за рециклирање стакло и да придонесат за растечкото движење на модата и еко-свеста. Истражувајќи ги иновативните начини за рециклирање на стаклото и негово инкорпорирање во уметнички дела за носење, додатоци и модни парчиња, учениците имаа можност да го трансформираат отпадот во убавина. Не само што се развија вредни истражувачки вештини, туку и се совладаа одржливите практики кои можат да инспирираат нови трендови и нивна примена.
Изразуваме голема благодарност до СУГС Кочо Рацин за поддршката за овој проект и можноста да се вклучат младите средношколци, кои изразија голем интерес и резултатите од заедничката соработка би можеле да ги искористат за престојниот 60 годишен патронат на училиштето и да ги применат во моднта недела која е дел од јубиларната промоција, со што проектот ги исполнува наведените очекувања.
Проектот се одржа во месец ноември 2024 година, и е поддржан од Град Скопје.