Print

Училишта на 21 Век

 

Во периодот ноември – декември 2018 год. ЗГ Доминиум беше понудувач и реализатор на проектот „Училиште на 21 век“, кој беше организиран и поддржан од страна на Биро за развој на образование на Република Македонија.

Беа реализирани  75 обуки со наставници од средните училишта од Скопје, Куманово, Велес, Крива Паланка и Кратово.

Цел на проектот беше зајакнување на капацитетите на наставниците од средно образование за работа со ученците во дваесет и првиот век.

 Програмата се состоеше од четири дела, преку кои низ интеракција, користејќи современи техники, наставниците работеа на унапредување на своите компетенции.

-          Првиот дел на програмата се однесуваше на запознавање на наставниците со основните развојни карактеристики на современиот ученик, во контекст на неговиот когнитивен, емоционален и социјален развој.

-           Во вториот дел на програмата  се претставуваат основните вештини кои се клучни за успешно учење и професионален развој на секоја единка, како што е поттикнување на креативноста, критичното мислење, емоционалната и дигитална/медиумска писменост и соработката и инклузијата во воспитно-образовниот процес. Тоа се вештините на чие развивање е потребно да се работи во современиот воспитно-образовен процес во 21-виот век.

-          Третиот дел на програмата се однесуваше на зајакнување и поддршка на наставниците, за да можат да бидат поуспешни во својата работа. Во овој дел наставниците  се запознаа со методи и техники  кои ќе можат да ги применат во својата работа.

-          Во четвртиот дел на програмата главен акцент се стави врз значењето на позитивната училишна клима, за успешно реализирање на воспитно-образовниот процес и справување со меѓуврсничкото насилство. 

Фотографии

Наслов на проектот: ,,Настава и учење во 21-от век, создавање иновативни училиштa: подготвување на учениците за 21-от век”

Период на имплементација: Октомври - Декември 2018

Поддржан од: Биро за развој на образование

Координатор: Ана Попризова и Марија Милошевска

 

 

Our domestic and foreign partners and supporters

Our Sponsors