Print

ECALL PROJECT

Проектот Унапредување на писменоста и усвојување на странските јазици кај учениците од основното образование, преку развивање на знаења, вештини, ставови и вредности во рамки на воннаставните активности” има за цел и да ги поврзе потребните компетенции за јазична писменост и учење на други јазици во основните училишта, надградувајќи и дополнувајќи го учењето преку редовните наставни предмети со учење преку „животот на училиштето“ и воннаствните активности од овие области. Преку читање текстови со различна содржина и структура во училишните библиотеки, „клубови“, „училишни театри“ и други форми предложени од учениците, ќе се направи обид да се  развие писменоста и културата на читање и пишување, креативноста, љубопитноста и интересот за изучување на различни јазици, почитување на културна разноликост и интеркултурна комуникација.
Проектот е од програмата на Еразмус +, во реализација на Здружението за унапредување на социјалните политики, образованието, културата и уметноста Доминиум културно јадро од Скопје.
Партнери во проектот се: Градска библиотека Риека, од Р. Хрватска и основното училиште "Св. Кирил Константин Философ од Русе, Р. Бугарија.

Истражувањето се спроведува на територија на град Скопје.
________________________________________________________________________________________


Веќе година дена како се реализираат активности во рамки на проектот “Унапредување на писменоста и усвојување на странските јазици кај учениците од основното образование, преку развивање на знаење, вештини, ставови и вредности во рамки на воннаставните активности”, проект на Здружението Доминиум со партнерите Градска библиотека Риека, од Р. Хрватска и училиштето “Константин –Кирил Философ” од Русе, Р. Бугарија

Во изминативе три месеци се спроведе истражување на терен со цел да се утвдри фактичката состојба со спроведување на воннаставните активности со особен акцент на активности од областа на мајчиниот јазик и странските јазици.

Во проектот наши партнери се шест основни училишта од Скопје: “Панајот Гиновски”, “Дане Крапчев”, “Братство и единство“, "Александар Македонски", "Браќа Миладиновци" и "Ѓорѓија Пулевски". Истражувачки тим спроведе истражување кое опфати прашалници за родители и наставници, како и фокус групи со ученици и наставници. Со истражувањето беше опфатен примерок од околу 200 испитаници. Во овој период се обработуваат добиените податоци, а следен чекор е изготвување на анализа на добиените резултати. Оваа анализа ќе помогне за изготвување на поквалитетни интелектуални трудови, кои веќе се изготвуваат во рамки на нашите експертски тимови.

Во следниот период се планирани активности (LTTA1) кои ќе ги реализираат претставници од партнериските организации. На 05.02.2021г. се одржа работен состанок на Zoom платформата на кој се договорија идни активности.

178390519 476459563694064 8547022793299602162 n

Во периодот од 7 - 8 април, преку 40 учесници од повеќе основни училишта и библиотеки низ државата имаа можност да учествуваат на онлајн работилницата за развој на компетенции за писменост и други јазици преку воннаставните активности. Работилницата беше реализирана во рамките на проектот Еразмус + „ Унапредување на писменоста и усвојување на странските јазици кај учениците од основното образование, преку развивање на знаења, вештини, ставови и вредности во рамки на воннаставните активности“, кој го спроведуваат Доминиум културно јадро Скопје, Градска библиотека Риека од Р. Хрватска и СОУЕЕ "Константин - Кирил Филозоф" Русе од Р. Бугарија.

Водена од Градската библиотека Риека, работилницата понуди увид во широкиот спектар на активности и програми на библиотеката, со фокус на оние дизајнирани за учениците. Исто така, поттикна размена на искуства и знаења во врска со воспоставувањето и функционирањето на читачките клубовите како платформи за подобрување на писменоста на учениците, како и на други вештини.

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Во периодот од 7 - 8 јуни, преку 30 учесници од повеќе основни училишта низ државата имаа можност да учествуваат на онлајн работилницата за развој на компетенции за писменост и други јазици преку воннаставните активности. Работилницата беше реализирана во рамките на проектот Еразмус + „Унапредување на писменоста и усвојување на странските јазици кај учениците од основното образование, преку развивање на знаења, вештини, ставови и вредности во рамки на воннаставните активности“, кој го спроведуваат Доминиум културно јадро Скопје, Градска библиотека Риека и СОУЕЕ "Константин - Кирил Филозоф" Русе.

Работилницата беше фасилитирана од страна на СОУЕЕ "Константин - Кирил Филозоф" Русе, вклучувајќи повеќемина наставници од училиштето. Првиот ден од работилницата понуди увид во практиките на училиштето поврзани со дизајнирање и спроведување на широк спектар на воннаставни активности за унапредување на знаењето на учениците во областа на странските јазици, додека во фокусот на вториот ден беа креативни алатки за дигитална настава кои наставниците можат да ги користат со ученици од различни возрасни групи. Работилницата исто така, поттикна размена на искуства и знаења помеѓу учесниците.

Our domestic and foreign partners and supporters

Our Sponsors