Print

„Нови пристапи во работа со штитеници сместени во дом за деца без родителска грижа II”

 Наслов на проектот: „Нови пристапи во работа со штитеници сместени во дом за деца без родителска грижа II” 

Период на спроведување: 2018 година   

 Целна група: Деца и млади                                                                                                                                                   

Oпис на активноста: Во перидот од  30.03.2018 год. до 20.06.2018 год, во  ЈУ Дом за деца без родителска грижа „11 Октомври“ претставници на ЗГ ДОМИНИУМ  ги реализираа активностите во рамки на проектот „Нови пристапи во работа со штитеници сместени во дом за деца без родителска грижа II”                                                                       

Координатор: Ана Попризова

Поддржано од: Град Скопје

Најпрво беа спроведени интервјуа со одговрните во установата, како и штитениците, со цел да се утврдат нивните потреби и интереси.

Потоа, стручниот тим на здружението изготви прилагодени програми за работа со стручниот кадар и за работа со штитениците.

Во соработка со волонтерите од Гешталт институт „Синергија“  беа спроведени следниве активности:

Работилници за стручен кадар на теми:

-          Пострауматско стресно нарушување и траума, нови начини на работа со трауматизирани деца и адолесценти

-          Агресија и родово базирано насилство кај адолесценти

-          Сајбер булинг

-          Поим и облици на меѓуврсничко насилство

-          Родово базирано насилство

Работилници со млади штитеници на теми:

-          Меѓуврсничко насилство – булинг и начини на справување

-          Сајбер насилство

-          Родово базирано насилство

Исто така со младите штитеници беа реализирани и активности за социјализација, посета на базен, кино претстава и куглана.

Со спроведените активности во целост се реализираа поставените цели на проектот, збогатуваање на знаењата на стручниот кадар за поимите траума и постраумтско стресно растројство, со цел да можат да имаат подобри вештитни во работа со штитениците, сензибилизрање на темите меѓуврсничко насилство, сајбер насилство и родово засновано насилство, бидејќи е од исклучителна важност во својата работа да можат да развијат пристапи за превенција на истите, односно за интервенција, во случај на постоење на било кој вид насилство.

Исто така, многу значајна беше работата со младите штитеници, бидејќи се остварија добри односи со младите волонтери кои беа вклучени во проектот. Тие се дружеа, посетуваа базен, кино и куглана заедно и секако остварија неколку  работилници, за теми кои се многу важни за младите, како што е меѓуврсничкото насилство, при што се запознаа со облиците на насилство, кругот на булинг и улогите, со тоа што значи родово базирано насилство и сајбер насилство кое се довива преку интернет и социјалните мрежи.

Генерален заклучок е дека постои добра соработка со претставниците од инстстуцијата и дека активностите кои се спроведуваат  даваат ефекти.

Our domestic and foreign partners and supporters

Our Sponsors