Print

Active aging

Современите светски трендови во областа која се занимава со старите лица како социјална ранлива група, како и принципите на „активното стареење“ поаѓаат од сознанијата на теоријата на активност, според која добросостојбата на старите лица директно зависи од степенот на активност кој тие го пројавиваат. Овој концепт е поддржан и од Европската комисија и од страна на Светската здравствена организација, чии принципи се базираат на работа на задоволување на општата благосостојба на сите претставници во општеството, но особено на ранливите социјални групи. Овој проект има за цел да им обезбеди на старите лица (возрасна група на граѓани над 65 години) практична алатка за подобрување на нивната благосостојба и менталното здравје во време на пандемијата предизвикана од вирусот „Ковид-19“.

Причината за избор на оваа целна група е тоа што веруваме дека старите лица се социјална група која е на врвот на скалата на ризик на физичко, емоционално, психичко и социјално здравје и ресурсите за поддршка што ги имаат се најограничени во нашиот локален контекст.

Социјалниот контекст во кој живееме е полн со разни предизвици со кои се соочуваат сите возрасни категории на граѓани.

Општа цел на овој проект е  придонес кон развивање на вонинституционални модели на поддршка и пружање услуги на старите лица на територијата на Град Скопје.

Специфична цел на овој проект е преку изготвување и спроведување на програмски активности, дизајнирани според капацитетите и потребите на старите лица, да се изнајдат нови форми и добри практики и кои би биле применливи за работа со оваа возрасна група и во иднина.

Веруваме дека овој проект преку проектните активности, очекуваните резултати и производот придонесува за унапредување и подобрување на активното стареење на оваа социјална група. Резултатите од проектот и искуството може да се користат во иднина за развој на ефективни модели и добри практики за одржлива поддршка на постарите граѓани како социјална група под висок ризик.

106904423 851740142029196 2987482090016794759 n

* Овој проект е поддржан од Град Скопје како дел од програмата за финансирање на програмските активности на здруженија и граѓани и фондации за активности во областа на социјалната, детската и здравствената заштита, во Град Скопје, за 2020 година.